Проколната серија: Зошто ниту еден од нив не успеа?

Од:

Поминаа скоро 30 години од премиерата на првата епизода од серијата „Беверли Хилс”, која медиумите често на шега ја нарекуваа проколната серија, бидејќи судбините на главните актери на оваа хит серија од 1990-тите се турбулентни и несреќни.

Пред неколку дена светот го обиколи веста дека Лук Пери, кој го играше Дилан, доживеал мозочен удар, само неколку дена откако беше објавено дека Фокс ќе сними шест нови епизоди од серијата, во кои би требало да се појават поголемиот дел од актерите од оригиналната постава.

Пери го немаше потврдено учеството, како и Шенон Доерти, но светските медиуми пишуваа дека „врата им е отворена“ и дека се уште има можност се приклучат на тимот за време на снимањето.

Ако сте биле тинејџер во деведесеттите години кога беа актуелни „Беверли Хилс“, Лук Пери е за вас Дилан, а Шенон Доерти – Бренда.

Улогите во телевизиските серии беа најмногу што постигнаа актерите, ако не го сметаме Брајан Остин Грин кој се ожени за Меган Фокс и Тори Спелинг која и понатаму е во медиумите, најпрво поради психичките и семејните проблеми, а потоа и поради долговите од 200 илјади долари поради кои ќе заврши на суд.

Во суштина никој од актерската постава на „Беверли Хилс“ не направи никакви позначајни чекори во кариерата.

Џени Гарт

Џени Гарт, и покрај нејзиниот талент, жестоко се бореше за да ја одржи славата што ја доби за време на „Беверли Хилс“. Таа играше во многу помали серии, ситкоми и ТВ-филмови. Во 2002 година глумеше сестра на Аманда Бинс во серијата „What I Like About You“, што беше завршена по четири сезони. Во 2014 година, Џени повторно се сретна со нејзината колешка Тори Спелинг во серијата „Mistery Girls“.

Најчесто добиваше епизодни улоги, а со „Mistery Girls“ доживеафијаско. Гарт се појави во разни риалити, меѓу кои и „Танц со ѕвездите“, како и во својата риалити серија „Jennie Garth: A Little Bit Country“.

Џени се разведе од нејзиниот сопруг по 12 години брак. Таа има три деца. Во мемоарите од 2014 година, таа зборуваше за нејзиниот приватен живот. Во интервју за Пипл, таа рече дека е сериозно депресивна неколку години.

Ијан Зиринг

Зиринг во 2007 требаше да биде водител на емисијата „The Price Is Right“, но работата ја доби Дру Кери. Неколку години подоцна неговата кариера отиде во друг правец – настапуваше како стрипер во Лас Вегас.

Ијан е татко на две деца со неговата сопруга Ерин Кристин Лудвиг со која е во брак од 2010 година. Тоа е втор негов брак. Кариерата ја освежи со улогата во филмот „Sharknado“.

Брајан Остин Грин

Брајан Остин Грин остана на малите екрани. Се појавуваше во сериите „Смолвил“, „Очајни домаќинки“, како и во серијата на Чарли Шин.

Најпознат е можеби по својата турбулентна врска со актерката Меган Фокс, со која има три деца, а минатата година тој поднесе барање за развод од познатата холивудска убавица.

Тори Спелинг

Тори Спелинг можеби е најпозната по својот турбулентен брак со Дин Мекдермот, кој ја изневери со многу помлада девојка, но и по променливите психички состојби. Своите проблеми одлучи да ги сподели со светот па тие двајца имаат свое реално шоу.

Дин престана да се појавува во серијата, затоа што како вели, почнало да му пречи да ги дели валканите работи со телевизиската публика. Двојката има финансиски проблеми, а заедно имаат четири деца.

Џејсон Присли

Актерот во 2002 година имаше несреќа на тренинг на Kentucky Auto Racing Speedway кога замалку ќе загинеше. Со трки се занимавал скоро 10 години, а по несреќата се здоби со тешки повреди и клинички бил мртов 45 секунди. Се појави во сериите „My Name Is Earl“, „CSI“ i „Pysch“.

Работеше и како режисер. Џејсон во 2005-та година се ожени со Наоми Лауде, козметичарка, со која има две деца. Своевремено се појави во спотовите на Рој Орбисон „I drove all night“ и Бритни Спирс „Boys“.

Во последните години се врати во главните улоги на релативно успешните серии„Private eyes“ i „Raising expectations“.

Лук Пери

Лук Пери како и другите колеги се појавуваше во ТВ серии и во некои ТВ филмови. Во 2001 се појави во серијата „Oz“, „Law and Order“, „Will i Grace“.

Пери беше оженет со Мини Шарп со која има две деца Џек и Софи. Тој доживеа мозочен удар и се наоѓа во тешка состојба.

Шенон Доерти

Шенон Доерти ја напушти серијата во 4-та сезона по трачевите за нејзиното однесување на сет. По тоа се појави во серијата „Charmed“, но и таму имаше проблеми со останатиот дел од екипата, па ја напушти серијата во 2001. Во 2015-та година таа потврди дека се бори со рак на дојка, а нејзината борба и понатаму трае.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска