24 илјади лица учествуваат во расчистување на последиците од метеорискиот дожд во Русија

Од:

Над 24.000 луѓе учествуваат во отстранувањето на последиците од метеорскиот дожд во руската Чељабинска Област, јавија локалните власти.

Во акцијата за расчистување на штетите се мобилизрани и 3.500 единиви техника.

Според најновите податоци повредени се 1.200 лица, од кои 50 се на болничко лекување. Материјалните штети се проценуваат на над една милијарда рубљи.

Гувернерот на Чељабинска Област Михаил Јурјевиќ изрази уверување дека сите сопствениви на оштетени објекти ќе бидат обесштетени. Само во оваа област се оштетени над 3.000 згради, од кои 34 болниви и 361 училиште.

Портпаролката на руското Министерство за вонредни ситуации изјави дека нуркачи ќе го пребаруваат езерото Чабаркул во Чељабинска Област за остатоци од паднатиот метеор.

Шестмина нуркачи ќе го пребаруваат езерото во период од шест часа, изјави Ирина Росиус.

Министерството засега не потврдува дека се пронајдени какви било остатоци од метеорот.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети