Илјадници демонстранти се собраа денеска во главниот град на Алжир, во знак на протест против актуелниот претседател Абделазиз Бутефлика, кој планира да го продолжи своето 20-годишно владеење на наредните избори.
На 80-годишниот Бутефлика априлските избори ќе му дадат шанса за петти мандат.
Полицијата се обидува да ги растера демонстрантите, кои преку социјалните мрежи најавуваат протести и во другите делови на земјата.
Актуелниот претседател во 2013 година претрпе срцев удар и оттогаш не е присутен во јавниот живот, долги години не и се обраќа на јавноста.
Али Бенфлис, кандидатот на опозицијата, ја нарече кандидатурата на Бутефлика „понижувачка за народот на Алжир”.
Од минатиот петок, илјадници луѓе учествуваа во протестите против Владата, што во Алжир, поради страв од сеприсутните служби за безбедност, е редок случај. Демонстрантите не беа поддржани од ниту еден опозициски кандидат.
Алжир долги години го предводи иста група на ветерани од војната со Франција, 1954-1962, кога Алжир доби независност.
Бутефлика е заслужен за примирјето по децении граѓанска војна меѓу исламските бунтовници и безбедносните сили, која зад себе остави околу 200.000 загинати.
Тој на власт е од 1999 година.