ВИДЕО: Пошумени 2 хектари со 4.000 садници во Коњаре

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со Јавното претпријатие „Македонски шуми“ денеска извршија пошумување во Коњаре. Пошумувањето е согласно Планот за чист воздух на Владата на Република Северна Македонија.

„Со овие активности придонесуваме за здрава животна средина, што е најбитно за квалитетен живот на граѓаните на Република Северна Македонија. Во наредниот период носиме низа мерки и политики, преку коишто ќе дадеме силна поддршка на секторот шумарство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Денеска на оваа локација на површина од 2 хектари се засадија 4.000 садници од багрем, даб, јасен и аризонскичемпрес. Вакви акции за пошумување во текот на годината ќе се спроведуваат и согласно Програмата за проширена репродукција во рамки на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.

„Ние се враќаме на нашите законски обврски за пошумување, согласно „Посебните планови за стопанисување со шуми”, за кои можам да тврдам дека се стручно извршени од наши вработени и што е најважно со сопствен расад од нашите расадници“, изјави директорот на ЈП Македонски шуми, Зоран Ѓорѓиев.

Во новата Програма за рурален развој, оваа година за мерката „Инвестиции за зголемување на економската на шумите“, се издвојуваат 30 милиони денари. Оваа сума ќе биде наменета за обновување на шумскиот фонд преку формирање на прореди, мелиорација на деградирани шуми, како и директна и индиректна замена на неквалитетната дрвна маса со нови висококвалитетни дрвни видови.

МЗШВ започнува сериозни реформи во шумарскиот сектор, со цел унапредување на шумите и шумарството во целина, преку ново финансирање за проширена репродукција на шуми, како и хармонизација на шумарската политика во рамките на процесот на приближување кон ЕУ.

За ефикасна реализација на овие цели, МЗШВ има финансиска и техничка помош од ФАО, конкретно за развивање на методологијата за спроведување национален инвентар за шумите и ќе трае до крајот на година. Шумарството е влезено и во тригодишната програмска рамка на ФАО за Македонија. Дополнително, со европската ИПА 2019, за македонското земјоделство и руралниот развој планирани се 15 милиони евра, со кои за прв пат ќе се финансира и секторот шумарство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата