Porsche оваа година ја прославува 50 годишнината од култниот модел – 911.
Автомобилот за прв пат се појави на автомобилскиот саем во Франкфурт во 1963 година, кога германската компанија го претстави прототипот за наследникот на моделот 356.
Интересно е што прототипот ја носеше ознаката 901, но во сериското производство влезе со ознаката 911 поради спорот со Peugeot и инсистирањето на францускиот производител дека само неговите автомобили можат да имаат ознака со три бројки и нула во средината.
Еден од првите модели ќе оди на светска тура, а музејот во Штутгарт ќе има изложба во чест на 50 годишнината на Porsche 911.