Презентација на МЕДИА Деск за продуценти и тркалезна маса за филмска критика

Од:

Во рамки на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“ денеска ќе бидат презентирани можностите кои за аудиовизуелниот сектор ги нуди „Медија“ – потпрограмата на „Креативна Европа“ на ЕУ, а утре ќе се одржи тркалезна маса „Нема успешна кинематографија без филмска критика“. Двата настана се од 11.30 часот во фоајето на кино „Фросина“.

Денешниот настан, насловен „Нудиме можности, препознајте и искористете!“, го организира Креативна Европа МЕДИА Деск Македонија со цел продуцентите од филмската и телевизиската индустрија во земјава да се запознаат со начините да се дојде до европските фондови и за тековните повици за аплицирање.

На презентацијата, на која ќе учествуваат гости од Бугарија, зинтересираните професионалци и организации од аудиовизуелниот сектор ќе се информираат какви филмови и серии поддржува оваа потпрограма на „Креативна Европа“, на какви тренинг-програми може да учествуваат, кои се новите стратегии за развој на публика, какви фондови постојат за ВОД-платформи (видео он деманд)…

На вториот ден од ревијата „Златна рамка“ – македонски филмови реализирани во претходната година, од 17 часот денеска ќе бидат прикажани докумнетарните „Боите на Преспа – птици“ во режија на Перо Попов и „Сонот на дервишот“ на Горан Костадинов.

Во програмата кратки филмови од 19 часот ќе бидат прикажани: „Малина“ на Анастасија Лазарова; „Извидник“ на Андреј Цветков; „Почетокот“ на Агим Абдула; „Љубовникот“ на Игор Иванов; „Сонот за крвта и душата“ на Игор Алексов и анимираниот „Образец 16“ на Иван Ивановски.

Ревијата „Златна рамка“ ќе заврши утре со проекции на уште седум филма во кино „Фросина“. Од 17 часот ќе бидат прикажани три документарци – „Кобра“ на режисерот Игор Иванов, „Локални херои, светски таленти“ на Ајдин Ислами и „Патот на локумот“ на Елизабета Коневска.

Програмата кратки филмови ќе почне во 20 часот и ќе ги прикаже: „И(С) Згубени“ во режија на Антонио Велјановски, „Гробарот“ на Арсим Фазлија и „Готлиб“ на Крсте Господиновски. Од 21 часот е долгометражниот „Година на мајмунот“ на режисерот Владимир Блажевски, со кој утревечер ќе заврши првата ревија на македонски филмови реализирани во претходната година.

Би можело да ве интересира

Промоција на културни продукти од програмата Креативна Европа 2014/2020

Ана Ололовска

Oтворени презентации за проекти за Креативна Европа Култура за 2020

Ана Ололовска

Презентации за потпрограмите на „Креативна Европа“ – Култура и МЕДИА

Ана Ололовска

Презентации на „Креативна Европа“ на 8 ноември во МКЦ

Ана Ололовска

Канцеларијата за Креативна Европа – Култура ќе го презентацира проектот „Проекти за соработка“

Ана Ололовска

Инфосесии за потпрограмите на „Креативна Европа“ во пет општини

Ана Ололовска