Шведскиот фотограф Пол Хансен ја освои наградата „Волрд прес фото“ за 2012 година за фотографијата, на која е прикажано носењето на погреб на две дечиња, кои беа убиени за време на израелски ракетен напад.
Фотографијата направена за весникот „Дагенс њухетер“ прикажува група мажи, кои ги носат мртвите тела низ тесна уличка во градот Газа. Жртвите брат и сестра се завиткани со бело платно и се гледаат само нивните лица.
Според жирито квалитетот на фотографијата се состои во прикажаниот контараст меѓу гневот и тагата на возрасните и невиноста на децата.
Фотографијата беше избрана од вкупно 103.481, доставени од 5.666 фотографи од 124 земји.