Пакистан денеска успешно изврши тестирање на балистичка ракета, способна да носи како обична, така нуклеарна боева глава, соопштија руските медиуми, повикувајќи се на прес службата на армијата.
Ракетата „Хатф-2“, позната исто така под името „Абдали“, е ракета „земја-земја“ со висока точност на погодување, способна да уништи цели во радиус од 180 километри.
Минатиот понеделник Пакистан изврши успешно тестирање на балистичка ракета со мал досега (од 60 километри) од типот „Хатф-9“, што ја лансираше од мобилна ракетна станица.