Напаѓачот на Париз пари Сен-Жермен, Единсон Кавани ги обновил тренинзите, објавија француските медиуми.
Уругваецот доби повреда на бутот во натпреварот од Лига 1 против Бордо (1:0) на 9 февруари.
Поради оваа повреда, Кавани го пропушти првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Манчестер Јунајтед, добиен со 2:0.
Кавани се очекува да се врати на натпреварите порано од очекуваното. Ова ќе му овозможи да игра против Јунајтед на 6-ти март.
Тој сепак нема да биде подготвен за следните натпревари во француското првенство.