Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака Северна Кореја да стави крај на својата нуклеарна програма, но додаде дека САД не вршат притисок врз Пјонгјанг за крајниот рок за спроведување на денуклеаризацијата.
На прес-конференција во Белата куќа, Трамп нагласи дека санкциите кон Северна Кореја ќе останат во сила и покрај тоа што земјата во последно време не извршила никакви нуклеарни или ракетни тестови.
– Не брзам. Нема тестови, Се додека нема тестови, јас не брзам. Ако дојде до нив, тоа ќе биде веќе нешто друго. Би сакал да видам конечна денуклеаризација на Северна Кореја, изјави Трамп.
Тој информира дека вчера телефонски разговарал со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин околу неговата претстојна средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, предвидена за 27 и 28 февруари во виетнамскиот главен град Ханој.
Во разговорот, Трамп нагласил дека очекува „голмен напредок“ на самитот со Ким и најавил дека ќе го информира Мун за резултатите од средбата.