Викторија Бекам со нова козметичка линија

Од:

Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро ќе ја претстави својата линија козметички производи и тоа го објави на Инстаграм и на својот Јутјуб канал.

– Сакам да се грижам за жените, како за нивната надворешност, така и за внатрешната убавина, така што ќе ги снабдам со потребните шминки, производи за кожа, аромати и витамини, за коишто чувстувам дека и јас имам потреба во мојот живот, изјави Бекам.

Ова е прв таков проект на дизајнерката по оној во 2016 година кога ја претстави својата шминка во соработка со Есте Лаудер, инспирирана од нејзините омилени градови – Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Париз.

– Шминкерка сум од свои 18 години. Ги гледам моите слики и научив што одговара, а што не, нагласи таа.

Би можело да ве интересира

Викторија Бекам за прв пат се верила на 20 години, бившиот жестоко ја нападна

Предраг Петровиќ

Хрвати ги „нападнаа“ Бекамови затоа што им ги вадат животните од море: „Тоа би живеело 100 години да не дојдевте“

Ана Ололовска

Викторија Бекам побара помош од британската Влада за својата модна компанија

А1он

Викторија Бекам ја отстранила тетоважата посветена на сопругот

Ана Ололовска