Седум борци од антиталибанска милиција во северозападен Пакистан загинаа денеска во експлозија на бомба поставена на патот, на која наишол автобусот во кој се наоѓале, соопшти локалната полиција.
Девет припадници на милицијата се ранети во нападот во селото Станзај, во племенскиот регион Оракзаи, изјави портпаролот на полицијата Фазал Наим.
Тој додаде дека борците патувале на средба во Ферозкел, област во која доминираат антиталибански племиња, на која требало да се разгледа стратегијата за борба против пакистанските талибанци.
Претходно денеска петмина талибанци, кои се обидоа да кренат во воздух полициска станица во близина на областа Бани се убиени во престрелката со полицијата.
Началникот на полицијата Садулах Кан изјави дека сите напаѓачи носеле појаси со експлозиви, кои се активирале за време на судирите, при што е повреден еден војник, јави ДПА.
– Според нивните останки најверојатно биле странци, можеби Узбеци, изјави Кан.
За првиот напад се уште никој не ја презел одговорноста, но за вториот портпаролот на талибанците, Ехсанулах Ехсан ја презеде одговорноста и се закани со слични напади во иднина.