САД: Џихадистите да се вртаат во своите земји и да им биде судено

Од:

САД високо го оценија хуманиот третман на Сириските демократски сили (СДФ) кон заробените џихадисти од групата Исламска држава (ИД) и ги повикаа земјите чии државјани се тие да ги репатрираат и отворат кривични постапки против нив.

Роберт Пaладино, заменик портпарол на Стејт департментот, изјави дека САД високо ја оценуваат улогата на СДФ во Глобалната коалиција за борба против ИД.

„Со ослободувањето на териториите СДФ зароби стотици странски терористи од десетици земји. Нивните напори резултираа во ослабена и распуштена ИД, со што светот стана побезбеден“, изјави Паладино.

САД ги повикаа земјите чии граѓани во Сирија се заробени како џихадисти, да ги репатрираат и отворат кривични постапки против нив во нивните земји на потекло. Воедно високо го оценуваат дисциплинираниот и хуман третман на СДФ кон тие поединци при нивното задржување.

САД сепак признаваат дека ИД се уште претставуваат безбедносна закана и покрај тоа што големи делови на територии на Сирија и Ирак се исчистени од џихадистите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија