Резултатите од студијата објавени во стручното списание „Канцер“ (Cancer) укажуваат на поврзаноста на физичката активност и телесните вежби со ризикот од заболување од рак на простата.
Физичката активност исто така во голема мера го намалувала ризикот за развој на поагресивни облици на болеста, покажуваат резултатите од студијата.
Со зголемување на зачестеноста на физичката активност кај испитаниците дополнително се намалувале изгледите за појава на рак на простата.
Американските научници напоменуваат дека ваквиот ефект на телесните вежби е воочен само кај белците.
Истражувачите во следната фаза на студијата ќе се обидат да ги откријат биолошките механизми кои ги поврзуваат вежбите и намалувањето на ризикот од појава на рак на простата.
Досегашните резултати се темелат на податоци собрани од 307 испитаници на просечна возраст од 64 години.
МИА