[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Малиот Едвард Ивс е роден со само 5 проценти можност за преживување, поради пореметување кое се нарекува „суправентикуларна тахикардија“ СВТ, која продизвикува брза работа на срцето и може да биде смртоносна.
Но, благодарејќи на пионерската медицинска техника со која лекарите на Универзитетската болница во Лондон, на малиот Едвард му ја намалиле температурата за четири степени целзиусови, малото момче останало живо.
Кога се родил во август минатата година, неговото срце чукало со брзина од 300 отчукувања во минута, двојно повеќе од вообичаеното.
Лекарите го замотале во ќебе, кое била натопено со ладен гел и така му ја намалиле температурана од 37 до 33 степени, го успориле неговиот метаболизам и го спречиле оштетувањето на мозокот и откажување на другите витални органи.
По два дена се обиделе полека да ја зголемат неговата телесна температура, но срцето почнало да чука невообичаено бргу, па го „замрзнале“ уште два дена.
Во текот на необичната постапка момчето 5 пати примило електрошокови од дефибрилаторот поради потенцијален ризик срцето да не престане да чука.
Четвртиот ден срцето започнало да отчукува приближно на нормалниот ритам и да се приближува на сигурносната зона, па лекарите на секои 24 часа на бебето му ја зголемувале телесната температура за 1 степен целзиусов.
Мајката на малиот Едвард вели дека тешко го поднела тоа што момчето било замрзнто во ладно ќебе и само со пелени, но под јаките седативи воопшто не се померал и изгледал како мртов.
-Се што сакав во тој момент да направам е да го земам и топло да го прегрна. Целото време морав во себе да повторувам дека тоа е неопходно за да лекарите му го спасат животот. Во моментот кога неговото срце почна да чука нормално, се тргна на добро – изјави мајката Клер.
По месец дена малиот Едвард со своите родители замина дома, а неговата мајка вели дека нивниот син е среќно шестмесечно бебе.