Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико повторно се активира, исфрлајќи пепел и вжарени камења на височина до три километри во воздухот и облак од чад кој се движи кон блиските градови, соопшти денеска мексиканската служба за цивилна заштита.
Службата информира дека камењата и пепелта паѓаат на подрачје оддалечено до два километра од вулканот, врз населени места кои се наоѓаат североисточно од Попокатепетл.
Околу 25 милиони луѓе живеат во пречник од сто километри од кратерот на стратовулканот, кој е висок 5.426 метри.
Ерупциите на вулканот се случуваат периодично од 1994 година.