„2019 година, освен година на интеграција и економски раст, е година и на сериозни инвестиции во патната инфраструктура.
Со започнување на градежната сезона, низ целата држава продолжува изградба и реконструкција на најголем дел од патната мрежа.
Станува збор за изградба на нови и реконструкција на постоечки патни правци во вкупна должина од над 700 километри со вкупна вредност од една милијарда и 270 милиони евра“, рече Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.
„Модернизацијата на патиштата го олеснува животот на граѓаните, но и позитивно влијае врз економскиот раст и конкурентноста.
За нас развојот на инфраструктурата е еден од приоритетите за оваа година.
Откако се надминаа проблемите и се потпиша Анекс -договорот со кој се заштедија 90 милиони евра, продолжува изградбата на автопатот Кичево -Охрид.
Автопатот Миладиновци – Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба, а интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново до третата лента према Прилеп.
Меѓу позначајните проекти за оваа година се: изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и реконструкција и рехабилитација на бројни патни правци низ целата држава.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на унапредување на патната инфраструктура со цел да се обезбеди брз, ефикасен и безбеден сообраќај за сите граѓани.
Продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст, развој и подобар живот за сите граѓани“, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.