Талибанците бараат повлекување на сите странски сили од Авганистан

Од:

Талибанските бунтовници денеска, како недоволен, го одбија планот на американскиот претседател Барак Обама за повлекување на 34.000 војници, јави ДПА.

– Време е американскиот лидер Обама и сите окупациски земји да ја сфатат реалноста во оваа војна и да се погрижат за ситуацијата на нивните луѓе, изјави портпаролот на талибанците Зубиулах Муџахид.

Обама вчера го објави планот за прегрупирање на половина од трупите кои во моментов се во оваа земја.

– Тие мора да го напуштат Авганистан што е можно поскоро и да ја завршат окупацијата на нашата земја бидејќи прашањето за Авганистан може да се најде по нивното брзо заминување  и само од самите Авганистанци, додаде Муџахид.

Владата на претседателот Хамид Карзаи го поздрави планот на Обама.

– Ние имаме целосна доверба дека нашите национални безбедносни сили ќе бидат во состојба да спроведат целосна безбедност низ целата земја, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Јанан Мусазаи.

Тој изјави дека преку дискусии во нивниот безбедносен договор ќе се дефинира улогата на американските сили во нивната земја по 2014 година.

МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан