СП 2019: Исланд се израмни со Македонија по победата над Јапонија

Од:

Ракометната репрезентација на Исланд попладнево ја победи Јапонија со 25-21 (13-12) во првиот натпревар од денешната програма во групата „Б“, чии дуели се играат во „Олимпик хале“ во Минхен.

По денешниот резултат, нашите репрезентативци имаат ист број на бодови со Исланд на третото место и ќе мора да бркаат победа утре. „Жолто-црвените“ ќе може да се пласираат понатаму и со реми против екипата на Гудмундур Гудмундсон, но вечерва ќе треба да извлечат бод од репрезентацијата на Шпанија.

„Самураите“ одиграа солиден натпревар против „рибарите“, на полувреме губеа само со гол разлика, а на десетина минути до крајот резултатот на семафорот стоеше 20-21 во корист на Исланд. Потоа следеше серија од 3-0 за фаворитот на мечот и лесно приведување на дуелот до својот крај.

Најефикасни во исландскиот тим беа Гунарсон и Сигурмансон со по 5погодоци, а кај Јапонија Агире реализираше четири.

Македонија вечерва од 20,30 часот излегува против фаворизираната Шпанија, а утре од 18 го играме клучниот меч со Исланд за пласман во следната фаза.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски