Најмалку едно лице загинаа при нападот врз хотелскиот комплекс во Најроби

Од:

Најмалку еден човек е убиен, а четворица се повредени при нападот врз луксузниот хотелскиот комплекс во главниот град на Кенија, Најроби.

Според болнички извори, хоспитализирани биле пет луѓе, од кои едно лице починало во болница.

Кениската полиција соопшти дека се работи за терористички напад.

Одговорноста за нападот врз луксузниот хотелски комплекс „ДуситД2“ во Најроби ја презеде екстремистичката организација Ал Шабаб.

Ал Шабаб, чие седиште е во Сомалија, објави дека нејзини борци се уште се во хотелскиот комплекс, а пред влезот се наоѓа разнесениот автомобил бомба што бил користен при нападот.

Се уште трае евакуацијата на цивилите од хотелскиот комплекс.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“