Лазаров: Мислам дека не се посрамотивме против Хрватска

Од:

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров по денешниот пораз од Хрватска со 9 гола разлика (31-22) во Минхен, изјави дека „жолто-црвените“ не се посрамотиле, без оглед на конечниот резултат.

Тој сепак истакна дека големиот број промашувања од чисти ситуации довеле до вечерашниот висок пораз.

– Не можете против Хрватска да промашите над 12 зицери. Имаше големи тактички надмудрувања, со тоа што тие ги реализираа своите шанси. Ова не е реалниот резултат, мислам дека требаше да загубиме три или четири голови разлика. Наша цел е да пробаме да влеземе во вториот круг, сега ни останува да одмориме и да видиме што ќе направиме на следните натпревари. Мислам дека не се посрамотивме вечерва, напротив, одигравме храбро, квалитетен и модерен ракомет, изјави капитенот по мечот.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски