A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Петок, Април 25, 2014
Навигација: Почетна » Забава » Овчар од Турција стана милијардер во САД

Овчар од Турција стана милијардер во САД 

hamdija

 Овчарот Хамдија Улукаја од источна Турција го оствари „американскиот сон“. Тој дошол во САД, произведе јогурт и за помалку од шест години, стана милијардер.

Улукаја е роден во семејство кое имало фарма. Студирал политички науки во Анкара, а во 1994 година заминал во САД да учи англиски. Она што веднаш му запречило, било лошиот квалитет на јогуртот кој го јадат Американците.

Почнал сам за себе да произведува млечни производи, кои подоцна почнал да ги продава по мали продавници.

Имал среќа што Крафт фудс во 2005 година ја затворил својата фабрика за јогурт, па ја откупил за мали пари. Од Турција го донел Мустафа Доган, познат мајстор за јогурт.

Фабриката ја нарекол Чобани Хамди, а со јогурт почнал да ги снабдува супермаркетите во 2007 година. Четири години подоцна продавал по 1,2 милиони чашки неделно.



Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress