A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Вторник, Октомври 21, 2014
Навигација: Почетна » Колумни » Горан Стефановски-писмо до новородената внука Калина

Горан Стефановски-писмо до новородената внука Калина 

goran

„Твоја е добрата мисла
И сите добрини
кои ти личат и доликуваат
И да не куртулиш од нив“, и пишува познатиот писател Горан Стефановски на својата тукушто родена внука Калина.
Еве што дедо Горан и пишува на внуката Калина :

Драга Калина
Внуко моја,
Ти пишувам писмо во првите часови по твоето раѓање,пред Коледе,во очи на Новата година,во дните на зимската краткодневица,најкратките денови во годината,кога сонцето запира зачудено,речиси паднато во бездна,пред одеднаш чудесно пак да реши да крене глава и да тргне угоре,како обновено божество на светлоста.
Со радост во срцето те поздравувам и брзам да ти кажам дека светот одново се раѓа со секое новородено детенце!
Сиот свет сега ти припаѓа тебе
и се во него е твое!
Твои се земјата и луѓето и животните и
билките,
И морето и рибите
И небото и птиците
Твои се сонцето и ѕвездите
И твоја е месечината
Се е твое!
Твои се четирите страни на светот
И исток и запад
и север и северозапад
А посебно југ
И немој да имаш тага за југ,туку ти самата биди југ,
И носи го во себе кај и да си,
Твои се и Охрид и Струга
Лондон и Цариград
И Мачу Пичу и Кинескиот ѕид
И градот на Вардар
Твое е Дебар Маало
Твои се и Канео и Нерези и Матка
И иконите и ангелот од Курбиново
Твои се Битилси и Стоунси и Ерик Сати
и свитите на Бах за виолончело
Твои се оперите на Моцарт
Се е твое!
И строгата и проста македонска песна
На твоите предци знајни и незнајни
Везот дебарски на Атлана и каменот ѕидарски на Стрезо
И тие сега се твои
И претставите кои ги режираше прадедо ти Мирко
И улогите во кои играше прабаба ти Нада
Твоја е магијата на чичко ти Влатко,ем електрична,ем акустична
Се е твое!
Се ти е дадено на располагање
Твои се моите драми
За да ми кажеш еден ден па дедо,проблемите за кои си пишувал веќе се решени,со рака однесени,
македонските прашања се станати македонски
одговори со извичници,светот сега е чудесен!
Твоја е глаголицата на Кирил и Методиј
И кирилицата на Климент и наум
Твој е македонскиот јазик
И Блаже Конески
И сета македонска книжевност
И бушавата азбука
Твои се и сите други јазици
И англискиоѕ на Шекспир и албанскиот на Фрашери и
српскиот на Нушиќ и грчкиот на Омир и
бугарскиот на Вазов
За да осознаеш и почувствуваш однатре
За да умееш да ги поздравиш соседите по нивно,
како што е ред
Твои се Тарковски и Фелини и Рубљов и Амаркорд
И Чехов и Бекет
Твој е ептен Марко Цепенко
Твои се Силјан Штркот и сите триста самовили
Твое е да ме прашаш еден ден а зошто ви требале Ај-пад и Ај-под и Ај-Фон и Ај-Мак
покрај толку телепатија?
И зошто толку ве мачела
квадратурата на кругот,
Па решението го учевме во прво одделение!
Твои се рецептите за раванија и чомлек
И пастрмка со магданос
И посно гравче со нане
И дробена сува пиперка во расолница
И патлиџанот јабучар и крушките стегалки
Се е твое
и ваше
На целата твоја генерација
Се ти е на дофат
Сите придобвки
На демократијата
И човековите права
Сите широчини и височини и длабочини
И непал и Катманду и Ацтеките
и Маите кои те пратиле да објавиш
дека ова не бил крајот на стариот свет
туку почеток на новиот
Твоја е добрата мисла
И сите добрини
кои ти личат и доликуваат
И да не куртулиш од нив
Твој е пламенот на мајка ти Пламена
И гордоста на татко ти Игор
И патешствието на баба ти Патриша
И јасновидноста на тетка ти Јана
Твои се сите мои плочи ,синглови и лонгплејки
на винил касети и ЦД и ДВД
Сите мои книги сега се твои
се што сум збирал со страв дека некој ќе мо го земе
Ти ќе патуваш без шубе дека ќе ти побегне возот
Ќе живееш со насмевка,во еден друг свет
без раскол и делби
без братоубиства
свет радосен,раскошен,возвишен
Ќе се сетиш на сите кои поминале пред тебе
ќе ги видиш нивните лица ќе ги чуеш
нивните гласови,
ќе знаеш дека нивните маки довеле до твојата радост,
И ќе ги спомнеш по добро и ќе ги благословиш
Па ќе им расправаш на твоите внуки и внуци
за македонските работи,за шчо напраифме,
а што расипавме кога го губевме умот,
Па ќе не подучиш што да напрајме за однапред
ако некој каже ,овде има провалија
Ти кажи му,онде има мост!
Ако се најдеш пред гори високи
Ти стори се сокол пиле,прелетај ги!
Ако се најдеш пред реки длабоки
Ти стори се риба мрена,препливај ги!
Каљо Калино,момиче
Виши Каљо, црни очи
Извиши ги,на високо
На високо,на широко
Твој е сиот свет!
Да имаш срце
Срце-на срца срцата
цел свет да збере па да је за тија гради малечко
Манданата те имал и тебе во предвид,секако,
во оној благослов,во снегот,на Пирин Планина
Бреј луѓе,дете ни се роди во четава.
Ај да ми бидеш здраво и живо детуле ,да пораснеш големо,на лице бело и црвено тетовско јаболко,на снага вита ела Пиринска,грлото бисер да ти рони,гласот да ти биде
како славејче.
И кога еден ден ќе гледаш во синото небо и ќе слушаш славеј,
спони си за нас.
Спомни ја четата во која си се родило.
Таа чета се бори за твојата слобода
Моето име сега е твое!
Мојата куќа е твоја куќа,мојата крв си сега ти
Ќе те чувам и да се чуваш
и да се сочуваш и да не дочуваш!
Се клањам пред тебе
Внуко моја
И пред неслутените величини
на животот кој ти претстои!


  1. Violeta A. Papazovska

    Нека ви е честита внуката Калина (за баба Патриша и дедо Горан). Ви посакувам и на свадба да и играте.
    Нека Калина расте здрава, среќна и весела со мама и тато.

     
  2. Bato

    Kolku Ti znaes so zborovite makedonski………Sekogas koga srceto pisuva so lubov izleguvaat vakvi vecni pisanija.
    Mislev deka Tvojata pristapna beseda za MANU nema da docekam nekoj da ja nadmine……..Naivno…
    I jasno kako bel den…toa go mozes samo Ti.
    Da e zdrava i ziva Kalina….

     
  3. jola

    Vesta e radosnai neka vi e ziva i zdrava Kalina, no jas se iznataziv i iznaplakav zoshto se beshe tolku pecizno tocno kazano , placev za sebe za svoite izgubeni krila, za moite najmili koi isto kako Kalina se rodija pred nekoe vreme no nemashe koj da gi blagoslovi so slobodata koja Vie i ja daruvavte na sojata najmila.Poinakva e mudrosta koga ni doadja od drug agol, nznaeme da pravikme mostovi, tesko se razbirame asite sakame isti neshta.Taka da Gospod neka ni e napomosh, imalo loshi raboti i porano, gi ima i sega, no eve se priklucuvam kon verbata deka tie naskoro ke izgoat vo svojata odvratna zeshtina so koja ni gi gorat dushite.I jas veruvam vo novoto vreme, i se obiduvam da bidam nesebicno predadena na mirot i ljubovta, no ne sekogash uspeam da istraam hrabro na patot…kleknuvam kako sega i se prashuvam zoshto …..i kade zgreshiv.Cestit i sreken Bozik na vas i vasheto semejstvo.ubav tekst koj Kalina ke go nosi vecno so sebe, a i nie zaedno so nea po novite horizonti na zivotot.

     
  4. podgor

    Maestralno ! Solzi mi navrea od ubavinata na zborot,od preciznosta na mislata,od bozjata darba sto ja poseduva avtorot.pred mene eden komentator BATO ja spomena pristapnata besede na avtorot koga go primaa vo MANU,se sekavam na nea isto taka mi ostavi silen vpechatok pa bi prashal kade moze da se prochita ,molam ako nekoj ima link neka napishe Pozdrav !

     
  5. vesna

    http://goranstefanovski.co.uk/wp-content/uploads/2012/09/Pristapna-beseda-MANU-finalna-verzija-17.12.2004.pdf

    Маестрално, божествено! Со секој збор, се` поголема енергија! Ахх, лично и колективно наше наследство, колку ти должиме, колку сме мали спрема тебе и големи со тебе!

     
  6. Ѓорѓи

    Фантастично…Нека е здрава и жива Калина.Името е сосема адекватно одбрано.Можеби не е по нечија мерка. Верувам Европа нема да протестира. Име обично, а колку е тоа слатко,питомо,здружено, корисно,космополитско,убаво…Калинка,малинка,македонка,о,соле мио.Ние може да се чувствуваме понекогаш изолирано,љуто,или во состојба на криза .Тоа е нормално на се она што се случува во околината.Но после тоа нормално е да поминеме низ повеќе стадиуми на емоционална реакција која ќе не доведе кон заздравување, после што ние ќе може да живееме со пасија и стил-повторно.Има безброј институции со ова прекрасно име Калинка.Детски градинки,музички друштва,хорови,оркестри,танчерски друштва,ординации,оптчки куќи,стоковни куќи,ТВ-куќи.Верувам никој нема да има против и ова прекрасно новородено да се вика Калинка.Ова е триумф на човечката надеж,на човечкиот дух,на македонската виталност и генијалност.Со вакви дела со подадена рака кон своите, соседите,кон светот ние сме во ЕУ и космополитскиот свет со нови сонца и надежи…

     
  7. Коки

    Мајсторот останува мајстор. Горан е Македонскиот Шекспир и тоа треба гласно да го кажеме.

     
  8. mimoza

    Mojot najdrag,najmil profesor =erudita =makedonskiot SHEKSPIR
    shteta shto ne e pri nas No sekogash e so nas EDEN i EDINSTVEN -nepovtorliv

     
  9. bube mojsova

    Goran, generacio moja od Gorgi Dimitrov
    togas sovrsen seka brilijanten. Neka ti e ziva i zdrava vnukata Kalina.

     

Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress