A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Четврток, Декември 18, 2014
Навигација: Почетна » Забава » „Моторџика“ преку ден, навечер се трансформира во дама – стилско дефиле на Зета Џонс

„Моторџика“ преку ден, навечер се трансформира во дама – стилско дефиле на Зета Џонс 

Ekipa-filma-Rock-of-Ages-1



Кетрин Зета Џонс ги покажа сите свои лица и можности за модна трансформација на премиерата на својот нов филм Rock of Ages викендов во Лос Анџелес.

Таа докажа дека и подеднакво добро и стојат и елегантна тоалета и моторџиски кожени пантолони. За премиерата на својот нов филм, на црниот (а не црвениот тепих) заблеска во нежен, кус фустан кој ја откриваше едната рака и овозможуваше комплетен увид на нејзините одлично обликувани нозе.

За веднаш по премиерата, црната чипка да ја замени со црни кожни пантолони. Фотографиите од Зита Џонс на аеродромот во Лос Анџелес, покажуваат дека сосема одлично покрај дамскиот и прилега и рокерскиот стил.

Пудра бојата која е хит оваа сезона, Кетрин ја надополни со црни детали од чипка, кои се покажаа како добитна комбинација бидејќи модните критичари веднаш упатија пофалби и за нејзиниот стил ино и за тоа како изгледа оваа 42 годипшна актерка.

Меѓутоа, веднаш откако гламурот и сјајот на филмските премиери ги остави зад себе, атрактивната сопруга на Мајкл Даглас, на аеродромот се појави во подеднакво добитна стилска комбинација. За да го избегне мрачниот изглед, оскровката и ѕвездата на филмовите „Чикаго“ и „Маската на Зоро“ рокерските кожни пантолони и црните чизми ги надополни со бело сако.



Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.