ВИДЕО: По земјотресите, Јапонија ја погоди и цунами

ВИДЕО: По земјотресите, Јапонија ја погоди и цунами

Цунами висок еден метар удри во североисточното крајбрежје на Јапонија, по земјотресот со јачина 7.3 степени по Рихтер. Нема извештај за материјална штета и жртви. Во Фукушима е безбедно.

По првиот земјотрес, регистриран е уште еден од 6.2 степени, а веднаш потоа е издадено предупредување и е наредена евакуација во некои места кои се наоѓаат на брегот.

Епицентарот на земјотресот бил во океанот на длабочина од 36 километри, оддалечен 245км од брегот, а од Токио 492км.

40 минути подоцна имало и трет потрес од 5.5 степени според Рихтер, а епицентарот бил уште поблиску до брегот.

Властите предупредија дека на префектурата Мијаги, и се закануваат бранови со висина од 50цм до 2 метра, но дека тие нема да имаат разорна моќ.

Вести од истата категорија