(ВИДЕО) Ванхауте: Шпекулации се дека Груевски нема да даде оставка до утре

(ВИДЕО) Ванхауте: Шпекулации се дека Груевски нема да даде оставка до утре

Некои луѓе мора да прифатат дека промените во Македонија се задолжителни, рече Питер Ванхауте пред почетокот на преговорите во Клубот на пратеници.

Тој се надева дека денеска ќе се решат преговорите за медиумите и за Избирачкиот список, па утрешното доаѓање на Јоханес Хан ќе се концентрира на побитните работи.

– Шпекулации се дека Груевски нема да даде оставка до утре, се надевам дека ќе си стои на зборот и на договорот во Пржино, рече Ванхауте.

Ванхауте рече дека се надева на целосна соработка од партиите и се надева дека политичарите ќе разговараат, а нема повторно да се расправаат.

– Работиме на избирачкот список со голема посветеност, ДИК работи на тоа, тие дискутираат за крајни рокови, а јас сум уверен дека ќе има демократски избори, рече Ванхауте и додаде дека договорот бил ДИК сам да одлучи дали претседателот ќе биде Албанец или не.

Политичката работна група составена од претставници на четирите најголеми политички партии по паузата денеска продолжува со преговорите за медиумите, како и за Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради ажурирање на истиот.

Ванхауте рече дека ќе се преговара додека не се дојде до договор, макар тоа било и до доцните часови, а преговорите ќе продолжат и утре.

Александар Тодески

Вести од истата категорија