Жерновски кандидат на опозицијата во Центар

Жерновски кандидат на опозицијата во Центар

Андреј Жерновски ќе биде кандидат на здружената опозиција во битката за градоначалничката фотеља во општина Центар, пишува Фокус.

Весникот пишува дека освен лидерот на ЛДП, во Скопје градоначалнички кандидат, здружената опозиција ќе и даде и на ВМРО-НП. Во трката за прв човек на општина Гази Баба од партијата на Љубчо Георгиевски ќе влезе Борче Стефановски.

Партискиот генерален секретар на денешната прес конференција рече дека постапката за избор на кандидати за градончалници во телата на СДСМ започнува утре и дека тие ќе бидат промовирани на големиот митинг кој опозицијата го најавува на 28 октомври во Скопје.

Вести од истата категорија