A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Сабота, Август 2, 2014
Навигација: Почетна » Македонија » МВР: 27 приведени, неколку полицајци повредени

МВР: 27 приведени, неколку полицајци повредени 

haosGjorcje (3)

Вкупно 27 лица се приведени во вечерашните протести во скопската општина Ѓорче Петров организирани по убиството на 18-годишниот Ангел Петковски.

Од нив, 16 се приведени во полициската станица во Кисела Вода, а 11 во полициската станица во Карпош и по документирањето на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

prevrteniKontejneriGorce20maj1

Полицијата вечерва потврди дека протестите поминале без посериозни инциденти и поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

- Досега нема пријавено повредени лица згрижени во ниту една болница, ниту пак имаме добиено некакви пријави за настаната поголема материјална штета, изјави портпаролот Иво Котевски.

Тој информира дека за време на протестите во неколку наврати биле фрлани камења и метални предмети кон полицијата и оти досега имаат сознанија за неколку повредени полицајци и за неколку оштетени полициски возила, но како што рече, поточни информации ќе имаат откако полициските службеници ќе се вратат од терен.

prevrteniKontejneriGorce20maj

- Во моментот привршуваат протестите така што полицијата сеуште е распоредена. Очекуваме по целосното завршување на протестите и повлекувањето на лицата кои протестираа, да се повлече и полицијата, рече Котевски.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации и да не дозволат да бидат вовлечени во поголеми инциденти.

haosGjorcje (5)

- Апелираме и медиумите да работат строго професионално и да не објавуваат непроверени и неточни информации кои можат да нанесат непроценлива штета со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, рече Котевски.

Протестите започнаа по 17 часот кога поголеми групи организирани преку социјалните мрежи започнаа да се собираат во општината Ѓорче Петров. Според полицијата, станува збор за претежно млади лица од 15 до 18 години, членови на различни навивачки групи. Дел од лицата носеле фантомки на главите, безбол палки и стапови.



Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress