СДСМ: Зад кандидатурата на Пендаровски стојат потписите на сите пратеници на СДСМ и коалиционите партнери

СДСМ: Зад кандидатурата на Пендаровски стојат потписите на сите пратеници на СДСМ и коалиционите партнери

„Провладините медиуми по налог на власта се обидуваат на најнизок начин, пласирајќи лаги и невистини, да го оцрнат изборот на Стево Пендаровски за претседателски кандидат.

Текстот објавен на провладиниот портал „Денешен.мк“ со наслов „СДСМ избегна голем раскол“,  а превземен од „Прес24“ како и други провладини медиуми е целосна измислица.

Вистината е дека на состанокот на пратеничката група на СДСМ ЕДНОГЛАСНО е поддржана одлуката Стево Пендаровски да биде кандидат за претседател на Република Македонија.

Дополнително, во дискусијата, сите пратеници од СДСМ изразија поддршка и огромно задоволство за кандидатурата на Пендаровски, особено пратениците кои се наведени во лажниот текст на „Денешен.мк“.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски стојат потписите на сите пратеници на СДСМ како и пратениците од коалиционите партнери.

Власта не може да се помири со фактот што Конгресот на СДСМ помина во одлична, крајно позитивна атмосфера по спроведената демократска и транспарентна внатрепартиска постапка.

Само неколку дена откако ВМРО-ДПМНЕ направи пародија и театар од сопствената конвенција за избор на претседателски кандидат.

Власта не може да прифати дека СДСМ е партија која никогаш не превземала мерки за да ги контролира своите пратеници.

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата што го измисли механизмот со меници за контрола на пратеници. За време од целиот мандат ВМРО-ДПМНЕ ги третираше своите пратеници како гласачка машина која треба да аминува се што ќе предложи владата на Никола Груевски без право на свое мислење.

СДСМ бара сите медиуми кои ја објавија или ја пренесоа дел од оваа невистинита информација на „Денешен.мк“  да го пренесат овој демант и да се извинат за изнесените невистини.

Во спротивно, СДСМ како партија, но и споменатите личности во невистинитиот текст, ќе ги искористат сите законски можности и нанесената штета за угледот и честа ќе биде предмет на судска постапка“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Вести од истата категорија