A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Петок, Јули 25, 2014
Навигација: Почетна » Македонија » Градоначалникот на Прилеп Ристески реферираше за досега реализираните проекти

Градоначалникот на Прилеп Ристески реферираше за досега реализираните проекти 

risteski

Општина Прилеп продолжува со реализација и отпочнување на нови проекти од ветената изборна програма кои ќе значат подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот Марјан Ристески.

Целта е од Прилеп да направиме просперитетен, еконосмки подобар и поуреден град, рече тој посочувајќи на проектите реализирани оваа година.

Информираше дека во тек е изградбата на инфраструктура на Индустриската зона Прилеп 1 со средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа. – Во оваа зона претходно беа распродадени 21 локација за изградба на фабрики и погони кои ќе овозможат капацитет на нови 2000 вработувања, рече Ристески.

При крај е изработката на новиот ДУП за Индустриската зона Прилеп 2 каде ќе бидат понудени нови 16 локации за изградба на помали економски капацитети кои во иднина ќе овозможат 1.000 нови вработувања.

Започна првата фаза од проектот за реконструкција на 23 километри канализациска мрежа низ градот и изградба на нова Пречистителна станица во вредност од 20 милиони евра, средства од ЕУ и Владата. Во втората фаза ќе бидат реконструирани околу 45 км канализациска мрежа, средства во висина од 10 милиони евра обезбедени од ЕУ и Владата со што градот комплетно ќе го реши проблемот со третман на отпадните води.

Градоначалникот информираше и дека завршила првата фаза од реконструкцијата на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во вредност од 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на локалната Самоуправа, а во тек е продолжување на изградба на втората фаза за партерно уредување на овој плоштад од улицата „Борка Талески“ до ОУ „Кочо Рацин“.

-Во тек се градежните активности околу уредување на плоштадот околу Градскиот часовник кој претходно беше реконструиран со средства од Локалната самоуправа, со што Прилеп ќе го добие првиот ориентален плоштад во склоп на Старата чаршија, вреден околу шест милиони денари, рече градоначалникот на Прилеп.

Посочи дека заврши првата фаза од реконструкцијата на влезот на градот од страната на Скопје на потегот од Бензиската пумпа на Лукоил до Мак Петрол во должина од 800 метри, вредност од 600.000 илјади евра.

-Во тек се градежни активности околу продолжување на втората фаза на потегот од бензиска пумпа Мак Петрол до раскрсница Солидност во должина од 1100 метри, вредност од 800.000 илјади евра, со што Прилеп ќе добие модерен, безбеден и добро осветлен главен влез на градот по теркот на европските градови. Или вкупно 1.400.000 евра за реализација на двете фази, изјави тој.

Во соработка со Владата и Министерството за транспорт и врски се изгради патот до манастирот Трескавец, во должина од 7,5 километри во вредност од 1.700.000 евра, со што овај манастир за прв пат доби асфалтен пат достапен за посетителите. Пуштен во употреба е нов кружен тек во центарот на градот во близина на Поштата, со што е решен проблемот со една од најопасните раскрсници во централното градско подрачје. Проект вреден шест милиони денари пари обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.

Реферираше дека е поставен новиот спомен симбол наречен „Прилепски Бранители“ висок 18 метри на кружниот тек во близина на хотелот Липа, вредност окулу шест милиони денари.

-Набавени се нови автобуси од буџетот на Локалната самоуправа и во тек е формирање на ново јавно претпријатие „Градски превоз“ кој беше едно од ветувањата во предизборната програма по барање на граѓаните на Општина Прилеп. Прилеп конечно ќе добие современ градски превоз, рече Ристески.

Од страна на ЈКП „Комуналец“ набавени се машини и технологија за селекција и рециклирање на отпад, со што ќе започне да се гради првата фабрика во Македонија за рециклирање на отпад и негово претворање во електрична енергија и био гас. Проект вреден повеќе милиони евра. Средствата се обезбедени од ЈКП „Комуналец“ и Локалната самоуправа.

Најави дека во центарот на Прилеп ќе се гради современ трговско деловен објект со локација на сегашниот млечен пазар. -Приватна инвестиција вредна 3 милиони евра која ќе овозможи нови 100 – тина вработувања и паркинг простор за 100 возила, рече градоначалникот.

Продолжува изградбата на новиот Сити центар Прилеп, современ трговско – деловен центар на површина од 20 – тина илјади метри квадратни со гаражен простор од 400 паркинг места и современи деловни објекти, проект вреден 10 – тина милиони евра кој ќе овозможи нови 250 вработувања.

Во тек се градежни активности околу допокривање и додветлување на градскиот пазар. -Во рамките на зелениот пазар според ХАСАП стандарди ќе биде сместен и млечниот пазар. Проект вреден шест милиони денари.

Поставен е камен темелник на нова автобуска станица и транспортен центар, приватна инвестиција вредна милион евра со 50 нови вработувања, со што Прилеп ќе добие еден од најмодерните и најубави транспортни центри во Македонија.

-Пуштена во употреба е новата Противпожарна станица со реконструкција на старото индустриско училиште, пари обезбедени од буџетот на локалната самоуправа во висина од околу 15 милиони денари, со што прилепската Противпожарната единица има едни од најдобрите услови за работа со модерен едукативен центар, смета Ристески, кој информираше и за други проекти во градот.



Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress