На Филипини земјотрес со јачина од 7,4 степени

На Филипини земјотрес со јачина од 7,4 степени

Силен земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на јужниот дел на Филипини, а за сега нема извештај за бројот на жртвите и материјалната штета.

Центарот за предупредување на Хаваи објави дека нема опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот е евидентиран на околу 35 километри под површината на земјата, во околина на островот Бохол, северно од островот Минданао, пренесе „Ројтерс“.

Елена Георгиевска

 

Вести од истата категорија