A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Четврток, Октомври 23, 2014
Навигација: Почетна » Македонија » Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам

Муслиманите го слават Рамазан-Бајрам 

bajramr500

Муслиманите во Република Македонија, како и целиот исламски свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.

Во текот на Рамазанкиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитер, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.


  1. Sneza

    Sreken Ramazan-Bajram na sitevernici od islamska veroispoved. Prijaten praznicen rucek!!

     

Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress