A1ON Crna Gora www.a1on.me |   Добредојдовте на страната на А1ON.|Вторник, Октомври 21, 2014
Навигација: Почетна » Македонија » ФЗОМ: Што побрзо да се аплицира за здравствени картички

ФЗОМ: Што побрзо да се аплицира за здравствени картички 

elektronska-zdravstvena-karticka

Здравствените осигуреници кои во законскиот рок до 30 јуни не успеале да достават барање за издавање на електронски здравствени картички (ЕЗК) да го сторат тоа во најбрз можен рок во подрачните служби на Финдот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), апелираат од Фондот.

- За да може осигурените лица да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, се вели во денешното соопштение од ФЗОМ.

Барање за издавање на ЕЗК осигурениците може да го сторат во Подрачната служба Скопје, од 7 до 19 часот, како и на истурените шалтери на ФЗОМ во Драчево, Ѓорче Петров и Чаир. Во дополнителни четири единици кои се сместени во поликлиниките Букурешт, Идадија, Јане Сандански и Ченто има одговорно лице од ФЗОМ за прием на документацијата за барања за издавање на ЕЗК.

Пенизонерите кои се на возраст над 70 години, како и на изнемоштените лица кои не успеале да поднесат барање за издавање на ЕЗК, ќе може и во наредниот период на бесплатниот телефонски 0800 33 2222 да побараат документите да им бидат превземени од нивните домови.

- ФЗОМ како институција е задоволна од одзивот на граѓаните во врска со доставување на барања за ЕЗК. Над 1.200.000 осигурени лица доставиле барања за издавање на ЕЗК. За оние осигурени лица кои се уште немаат поднесено барање за издавање на ЕЗК, за да може да ги подигнат сините картони, ќе мора да поднесат барање за издавање на ЕЗК. ФЗОМ ги повикува сите преостанати правни и физички лица кои немаат доставено барање или уплата за издавање на ЕЗК, истото да го направат во најбрз можен рок во подрачните служби на ФЗОМ, се истакнува во соопштението од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.



Оставете коментар

 

А1 он нема да објавува содржини кои што содржат повикување на верска, расна, национална омраза, содржат директни повици на насилство или пак дискриминираат по основ на родова, социјална, етничка припадност или сексуална определба. А1 он нема да дозволи коментари на корисници кои што содржат говор на омраза. Оваа обврска не се однесува на објавување на документи, изјави или друг новинарски материјал во пренесен или на друг начин достапен во изворна форма за пошироката публика.

Facebook

Get the Facebook Likebox Slider Pro for WordPress