Анкета: Европејците се помалку имаат доверба во ЕУ

Анкета: Европејците се помалку имаат доверба во ЕУ

Довербата на Европејците во институциите на ЕУ, е на рекордно ниско ниво, покажа студијата на Евробранометарот, која истражувањето го спроведе по налог на Европската комисија.

Судејќи според резултетите на истражувањето, особено критични кон ЕУ се граѓаните на т.н кризни држави, пред се Шпанија.

Дури 72 процеси Шпанци немаат доверба во ЕУ, што значи дека Србија живее повеќе европесимистички, отколку Велика Британија која веќе размислува да ја напушти унијата.

Во Британија според анкетата, речиси 69 проценти од граѓаните не веруваат во европска заедница.

Повеќе од половина Германци (59 проценти) и Французи (56 проценти) повеќе немаат доверба во ЕУ.

Анкетата на Евробарометарот е спроведена во шест најголеми држави во ЕУ, Германија, Велика Британија, Шпанија, Франција, Италија и Полска, во кои живеат од 350 до 500 милини граѓани на ЕУ.

Главните причини поради ова, според аналитичарите се масовната невработеност, недостатокот на перспективи за младите и намалената социјална помош во ЕУ.

Елена Георгиевска

Вести од истата категорија