Петров ветува проекти за помош на повозрасни и на лица со посебни потреби

Петров ветува проекти за помош на повозрасни и на лица со посебни потреби

Андреј Петров, кандидатот за градоначалник на општина Карпош од Коалицијата „Сојуз за иднината“,  денеска најави неколку проекти од неговата програма со кои ќе им овозможи поддршка и внимание за повозрасните жители на општината, како и за луѓето во социјален ризик и за лица со посебни потреби.

– Со намера да им помогне на жителите кои имаат проблем во секојдневниот живот, а кои живеат сами и се немоќни лица, општината ќе формира волонтерски сервис. Корисници на услугите на овој сервис ќе бидат возрасни лица и лица со инвалидитет без семејна грижа, како и самохрани родители со болни деца. Услугите ќе опфаќаат: закажување лекарски преглед, превоз и придружба до лекар, набавка на основни намирници, подигање рецепти и достава на лекови, дружење и разговор, психосоцијална поддршка, правна помош, рече Петров во изјава за медиумите.

„Здравствена патрола! Бесплатни општи прегледи на пензионерите Дома“ е вториот проект со кој се предвидува организирање домашни здравствени прегледи заради контрола на општата состојба.

Проектот „СОС повик – бесплатен транспортен центар за возрасни лица и лица со посебни потреби“, пак, предвидува олеснување на движењето на овие лица преку јавување на бесплатен телефонски број со што, вели, ќе им се овозможи превоз до посакуваната дестинација во градот, со соодветно возило за тоа.

Вести од истата категорија