ЗОО Фест 2014

Од:

Во Зоолошката градина во Скопје денеска ќе започне вториот серијал на детскиот забавен и едукативен фестивал „ЗОО Фест 2014“ што ќе се одржува во следните осум викенди.

Во рамките на фестивалот на сите дечиња кои дошле да ја посетат Зоолошката градина и да ги видат животните ќе им бидат понудени едукативни и забавни содржини како дополнителна забава. Главно изненадување денеска ќе им биде гостувањето на Дани Димитровска која ќе отпее неколку од своите хитови.

Детскиот ЗОО Фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња“ и едукативно катче во кое се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните.

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Феномен: Се родија шест двојки близнаци лемури во скопската Зоолошка градина

Орце Костов

Скопје добива нова ботаничка градина во Зоолошката градина

Ана Ололовска

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа