„Златен глобус“ нема да оди во живо

Од:

В недела на 9 јануари ќе се одржи 79. издание на „Златен глобус“. Свеченоста ќе се одржи во хотелот „Беверли Хилтон“ во Лос Анџелес. Поради пандемијата на коронавирус, нема да има публика, ниту пак номинирани на доделувањето, пишува „Пипл“.

Во мигот на прогласување на победникот во секоја категорија во собата ќе биде само – избраниот. Тие треба да бидат вакцинирани со трета доза, но и да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа пред настанот. Ќе треба да носат и заштитни маски.

Нема да има ни црвен тепих, а ни претставници на медиумите, ниту пак, доделувањето ќе се прикажува во живо, како што беше случај претходните години.

Инаку, пред неполн месец беа објавени номинациите за 79. доделување награди Златен глобус. Раперот Снуп Дог ги објави номинираните, а најмногу од нив добија филмовите „Моќта на кучето“ (Power of the Dog) и „Белфаст“ – со по седум можности за одличје.

Би можело да ве интересира

На доделувањето на наградите „Златен глобус“: Филмот „Опенхајмер“ освои најмногу награди

Златен глобус за „Земја на номадите“ и „Борат 2“

Ана Ололовска

Младата Марија Бакалова е прва Бугарка во историјата номинирана за „Златен глобус“

Жарко Настоски

Номинациите за наградата Златен глобус ќе бидат објавени денеска

Ана Ололовска

Џејн Фонда ќе добие Златен глобус за животно дело

Ана Ололовска

Доделувањето „Златен глобус“ преместено за февруари

Ана Ололовска