Зика и ебола: Навестување на она што допрва треба да дојде?

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Ебола. Зика. И двете болести се до неодамна беа за поголемиот дел од светот непознати. Но и со двете се случија големи епидемии – и во двата случаи научниците и глобалните експерти за здравје беа фатени со спуштен гард. Во Скрамбилнг, д-р Сет Беркли, извршен директор во Гави, алијансата за вакцини, навестува дека по еболата и зика можеби ќе следуваат и други итни реакаци од јавното здравје заради денес многу помалку познати болести.

Прво беше еболата, сега е зика; двете итни реакции од Светската здравствена организација (СЗО) од највисока итност во последниве неколку години. И за двете болести се знае веќе неколку децении, но и за двата случаи нема лекови и вакцини се додека најмногу не ни затребаа. Зошто е тоа така?

Дали е само страшна коинциденција што двапати бевме фатени неподготвени за толку краток период, или е ова дел од загрижувачките трендови и навестување за нештата кои допрва треба да се појават?

На прв поглед, не изгледа дека двете болести имаат било што заедничко. Едната е тешко да се открие, но е безмилосен убиец, додека другата лесно се шири но е релативно безопасна за поголемиот дел од инфицираните луѓе.

Но и во двата случаи има нешто заедничко, без разлика на тоа како вирусот се шири и како тоа влијае на луѓето со што епидемиите станаа повеќе од закани.

Во смисла на безбедноста по глобалното здравје, ова е голема грижа затоа што таквата ненадејна промена во модус опернади на нивното делување не само заканите по јавното здравје потешко ќе можат да се предвидат или прифатат од вообичаеното, туку прави голема разлика помеѓу локална епидемија и глобална пандемија. Она што уште повеќе загрижува е фактот дека со менувањето на трендовите кај човечката и животинската миграција, со порастот на урбанизацијата, со згуснувањето на мега градовите, порастото на антимикробиолошката отпорност и со климатските промени, ваквите закани стануваат се повообичаени.

Во случајот со еболата, она што се смени беше способноста на вирусот да се шири.

Низ историјата, агресијата на еболата беше најголемиот непријател на болеста: вирусот најчесто го имобилизираше и убиваше нејзиниот носител дури и пред тој да има можност да ја прошири болеста, ограничувајќи го нејзиното ширење оглавно на контакст со заразенот.

Заради ова, со децени остана релативно ниско влијанието на болеста, ограничена на мали епидемии во оддалечени и релативно ненаселени рурални области.

Она што се смени во Западна Африка беше што првпат вирусот почна да се шири во густо населени области, со што се зголеми можноста за експоненцијално ширење.

Со зика е поинаку. Се веруваше дека е тоа релативно бенигна болест која предизвикува само симптоми слични на грипот – или скоро никакви.

Заради ова, постоеше мала загриженост за болеста која ја шират комарците се додека не почне да преминува на други континенти.

Но сега со епидемијата на зика и со ненадејниот нагол пораст на случаи со микроцефалија во Бразил – која може да предизвика бебињата да се раѓаат со абнормално мали глави – сега имаме друга здравствена глобална итност, посебно ако се докажат како точни извештаите за сексуалната преносливост на болеста и дека нејзиното ширење не е ограничено само на комарците.

Ако зика е фактор за микроцефалија, не е сосема јасно зошто е тоа така. Во изминатите седум децении кога зика првпат е забележана, никогаш не биле забележани такви страшни компликации. Формата на нервно оштетување, наречена Жулијан-Баров синдром, се забележана кај многу мал број на луѓе, а во случаи со бременост има 17 случаи на пореметување на централниот нервен систем кај фетусите по епидемијата на зика во Француска полинезија во 2014 година.

Но дури ни тогаш зика не беше сметана за серизона болест се до неодамна и по појавата на алармот кој тргна од Бразил.

И, зошто баш сега? Можеби е сето ова резултат на односот – 1,5 милиони случаи на заразени со зика во Бразил во споредба со 30,000 случаи од претходната епидемија.

Или можеби истражувањата во Бразил подобро ја забележале поврзаноста на зика и порастот на случаи на микроцефалија, во споредба со Западна Африка каде на слабиот здравствен систем му требаа три месеци пред еболата првпат да биде потврдена.

Или пак можеби вирусот митурал во сосема друг правец.

Без разлика на се, останува фактот дека можеби ќе бидат потребни години пред да донесеме конечен заклучок за поврзаноста со микроцефалијата, а можеби и повеќе пред да ги дознаеме епидемиолошките фактори кој доведоа до нејзин ненадеен изблик.

Јасно е само дека покрај зголемената контрола на комарците во зафатените земји можеби исто ќе треба да се бара нова вакцина.

Но за разлика од еболата, кај зиката немаме неколку вакцини кои чекаат на ред, кои се наоѓаат во одделите и кои брзо се тестираат по клиниките.

Благодарение на еболата, фармацевтската индустрија сега побрзо реагира и се заложи да развие вакцина или да прилагоди некои веќе постоечки, но дефинитивно ќе требаат уште неколку години пред таква да биде целосно подготвена.

Сепак зошто ни е потребен аларм за глобална здравствена итност за да сфатиме дека воопшто не постои вакцина?

Дел од проблемот е што за некои сериозни болести едноставно нема профит кај превенцијата, а тоа значи дека ако сакаме да избегнеме епидемија, не можеме да очекуваме фармацевтската индустрија да обезбеди решение.

Наместо тоа, владите, јавните фондови и приватните донатори треба да ги поделат трошоците, и тоа мора да го сторат веднаш, наместо да чекаме да дојде до нова епидемија.

Добрата вест е што веќе сега имаме идеја каде да го фокусираме нашето внимание. Во декември ги повика на заедничка маса научниците и клиничките здравствени лица да направат „иницијална листа“ која повеќе личи на листа најбараните најлоши осум болести, меѓу кои се еболата и други хеморалгични трески како треските марбург или ласа.

Тие исто наведоа и аларм на три други сериозни болести за кои исто така е потребно итно внимание, а таму е вклучена и зика.

А токму тука лежи и заклучокот. Ниту една од болестите на листата не се посебно изненадувачки. Тоа се познати закани но едноставно не се толку голема закана за светот веднаш да се вклучи во трка и да се поттикне иницијатива да се развијат вакцини, барем не до сега.

Она што не научија и зика и ебола е дека не можеме да претпоставиме дека патогените ќе се однесуваат на ист начин.

Мора да престанеме да чекаме додека не видиме докази дека болеста станала глобална закана пред да почнеме да ја третираме како таква.