ВРХЛ лига: Вардар одигра нерешено со Будуќност

Од:

Екипата на ЖРК Вардар одигра нерешено во Скопје против Будуќност 25:25 (13:14) и со тоа останаа непоразени и во осмиот натпревар во регионалната ВРХЛ лига, последен на четвртиот турнир што се играше во Скопје.

Вардарки уште на претходниот меч против Крим ја потврдија титулата и овој втор дуел беше без резултатска важност.

Бекот на „црвено-црните“, Андреа Лекиќ со гол во последните секунди му донесе бод на тимот. Будуќност ја имаше иницијативата во речиси целиот натпреварот и ја диктираше играта.

Во последните шест минути Будуќност поведе со 24-22 и се чинеше дека гостинките ќе ги освојат бодовите, но вардарки не се предадоа до крајот.

Прво Лекиќ и Цвијиќ погодија за израмнување (24:24) а при 30 секунди до крајот, прво Будуќност брзо реализираше гол, а Лекиќ во последната секунда донесе реми.

Токму Србинката беше најпрецизна со осум гола, додека Хмирова и Пенезиќ постигнаа по четири. Кај Црногорките, Јанковиќ постигна девет, додека со четири се истакна Раичевиќ.

Последниот турнир од ВРХЛ лигата ќе се одигра наредниот месец.