„Војна на ѕвездите“ како туристичка атракција: Ирците му градат храм на Џедај

Од:

Откако  седмото продолжение на франшизата „Стар Ворс“ под насловот „The Force Awakens“ постигна голем успех на благајните шириум светот, властите во Република Ирска одлучија тоа дополнително да го материјализираат со тоа што на нивна територија ќе му отворат храм на Џедај.

„Jedi Temple“ ќе биде сместен на локациите на снимањето на епизодите седум и осум, а нацрт планот е веќе претставен, и тоа со снимки од снимањата, во кои зборуваа и Џ.Џ. Абрамс и Томи Харпер, извршниот продуцент на филмот.

Островот на кој ќе се наоѓа храмот на Џедај е сместен на брегот на Кери, кој Ирците го нарекуваат „Skepling Michael“.

Храмот ќе се гради на урнатините на христијански манастир, а ќе се користи и за снимање на осмата епизода од сагата „Star Wars“.

Рајан Џонсон и актерот Марк Хамил веќе ги снимиле пробните сцени на островот, за кој ирските власти се надеваат дека ќе го забрза туризмот во оваа земја, сметајќи на милионската војска фанови на „Војна на ѕвездите“ ширум светот.