Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

Од:

Откако објавија вест дека утре, на 11 февруари, ќе има прекин во водоснабдувањето низ цело Скопје, Водовод и Канализација го избриша соопштението кое првично беше објавено на Фејсбук. Пред полноќ преку електронска пошта испратија нова информација во која се вели дека неовластени лица објавиле лага дека нема да има вода цело Скопје.

„Почитувани,

Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето.

За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.

Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.

Со почит,

ЈП Водовод и Канализација“

Во првичното известување, Водовод и Канализација информираше дека прекин на водоснабдување или значително намален притисок во водоводните цевки, ќе има во речиси сите општини во Скопје.

Претпријатието често го користи Фејсбук како медиум преку кој регуларно известува за прекини на водоснабдувањето или пак најавени интеревнции на терен.

Би можело да ве интересира

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово

Џафери: Мое дискреционо право е да ја прекинам седницата кога нема мнозинство

Орце Костов

Забранета водата за пиење во Струга

Поради два литра вода починала 35-годишна жена-кобно е времето за кое ја испила