Викиликс: Белгија чува нуклеарно оружје

Од:

Белгија чува американски нуклеарни бомби во базата „Клајне Брогел“, потврдува документ распространет од Викиликс.

Тоа е првиот документ, кој недвосмислено покажува дека во таа база, во која е распоредена 701-ва ескадрила на САД за поддршка на вооружувањето, има нуклеарен арсенал, јави БТА.

Во документот се истакнува дека во 1988 година тогашниот белгиски министер за одбрана прв пат споменал за тоа, без притоа никогаш повеќе официјален претставник на кралството да ја потврди јасно таа информација.

Во цитираната телеграма од 2009 година тогашниот американски амбасадор во Белгија Хауард Гутман пишува дека белгиските власти многу внимателно го следат тоа прашање. Во тоа време премиер на Белгија е актуелниот претседател на Европскиот совет Херман ван Ромпуј, а министер за надворешни Ив Лотерм.

Медиумите истакнуваат дека присуството на американски атомски бомби во Белгија е јавна тајна, но никогаш досега не било официјално потврдувано. Во информацијата се додава дека во военовоздухопловните бази, користени од САД во земји од НАТО, е распоредена воздухопловна техника со двојна намена, способна да пренесува нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски