Велосипедисти на „Тур де Франс“ живеат подолго

Од:

Учесниците на најпознатата велосипедска трка во светот „Тур де Франс“ во просек живеат шест години подолго од останатите граѓани и сосема мал број од нив имаат кардиоваскуларни проблеми, тврдат експерти.

Истражувањето е презентирано на конгресот на Европското кардиолошко друштво, а ги опфаќа сите 786 француски велосипедисти, кои учествувале во трките од 1947 до 2012 година.

-Би требало да ги охрабриме луѓето повремено да се напрегаат до границата на своите можности. Доколку постои опасност од вежбање со големи напори, ќе го забележавме тоа во нашето истражување – изјави Хавиер Јоувен.

Освен што имаат подолг животен век, учесниците на оваа трка имаат и помал ризик да заболат од други болести.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски

Руски велосипедист ќе настапува под француско знаме: Одамна сакав да го сторам ова

А1он

Хронометар велосипедска трка во Маврово

Ана Ололовска