Вавринка без проблем во осминафиналето на Вимблдон

Од:

Шампионот на Ролан Гарос Стан Вавринка успеа без поголеми проблеми да се пласира во осминафиналето на Вимблдон откако попладнево во мечот од 3.коло го победи Фернандо Вердаско со 3:0 во сетови (6:4; 6:3 и 6:4). Негов ривал во следната рунда ќе му биде Давид Гофин, кој со истиот резултат 3:0 (6:3; 6:4 и 6:2) го победи Маркос Багдатис.

Пласман во осминафиналето досега изборија уште: Ришар Гаске по триумфот над ланскиот финалист Григор Димитров, Ник Киргиос беше поуспешен од Милош Раониќ, додека Кевин Андерсон го победи Леонардо Маер.

Кај жените победи во 3.коло од денешната програма досега постигнаа: Белинда Бенчиќ над Бетани Матек-Санс и Коко Вандевеге против Саманта Стосур.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски