Тајани: Балканот треба да биде приоритет на ЕУ

Од:

Балканскиот регион треба да биде приоритет за Европската унија, најави претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани од Софија.

Тој денеска се сретна со бугарскиот премиер, Бојко Борисов и разговараа за безбедноста, миграцијата, стабилноста на Блискиот исток и ситуцијата на Балканот.

– Во Бугарија се свесни за ситуацијата на Балканот, знаејќи дека овој регион може да биде корисен за целата Европска Унија, а тоа е многу важно. Му благодарам на Бојко Борисов и на бугарската Влада за помошта што може да ја пружат на Европскиот парламент за подобрување на квалитетот на нашите активности на Балканот, рече Тајани и најави посета на западнобалканските земји на почетокот на идната година.

Бугарија ќе претседава со ЕУ во првата половина од 2018 година, и тоа по првпат откако стана членка во 2007 година.

– Не можеме да го оставиме Балканот на други држави надвор од Европа. Во спротивно, ризикуваме тероризмот и фундаментализмот да ја трансформираат таа територија во зона на криминал, истакна Тајани.

Тој оцени дека за силна Европа, неоходна е единствена надворешна политика.

– Важно е да се започне дебата за иднината на Европа за да се види каде и како можеме да интервенираме. Мораме да се вратиме на политиката, бидејќи онаму каде што политиката е слаба, други работи одлучуваат, заклучува Тајани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија