„Свети Наум како ликовен сон“ – изложба на Бернхард Холеман

Од:

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на уметноста, во Музеј на град Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Свети Наум како ликовен сон“ на австрискиот уметник Бернхард Холеман.

Инспирација за уметникот од Австрија е манастирот од 9 век „Св. Наум“ во чии конаци тој престојувал неколку години во летните месеци.

– Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор се културно-цивилизациски континуитет, со несомнен придонес во градењето на европската ризница на културни вредности, соопшти Музеј на Град Скопје, кој првпат годинава се придружува во одбележувањето на Светскиот ден на уметноста кое го организираат Општина Центар и Асоцијацијата за култура ИКОН.

Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15 април, денот кога е роден ренесансниот уметник Леонардо да Винчи.

Би можело да ве интересира

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Отворање на изложбата „Носиме уметност“

Отворање на изложба на скулптури „Зодијак” на Митко Дамјановски

Изложба на Ване Костуранов – „Таен премин кон Месечината“

Архитектонска изложба „Скопје на новата генерација“