Супер куп – факти

Од:

– Реал Мадрид по шести пат ќе учествува во Супер купот. Досега има три победи и два пораза.

– Манчестер Јунајтед во Супер купот има една победа и два пораза.

– Победниците од Лига на шампиони победиле во 22 од 41 претходни напревари од Супер купот.

– Манчестер јунајтед учествувал досега трипати во Супер купот и победил еднаш – во ноември 1991 година против Црвена Ѕвезда. Оттогаш тој клуб двапати е поразен – 1-0 од Лацио во 1999 година и 2-1 пораз од Зенит Санкт Петербург во 2008 година.

– Реал Мадрид победиле во три наврати. Шпанскиот клуб победил во 2002 година против Феенорд (3-1), Севилја 2-0 во Кардиф 2014 година и 3-2 против Трондхајм лани. Загубиле двапати – од Челзи во 1998 година1-0 и пораз од 2-1 и од Галатасарај во 2000 година.

– Двата клуба играа на 24 јули во рамки на американска турнеја. Резултатот беше 1-1. Јунајтед победи на пенали. Претходно, Реал на Олд Трафорд го победил Манчестер со 2-1. Тренер на Реал тогаш беше Жозе Мурињо.

– Манчестер јунајтед нема пораз во 11 европски натпревари.

– Последен англиски клуб што го освои Супер купот е Ливерпул во 2005 година.

– Главниот судија на натпреварот Џанлука Рочи (43) ќе суди четврти напревар на Манчестер и прв по поразот од 2-0 во Лига на шампиони од Олимпијакос во 2014 година. Судија на ФИФА листата е од 2008 година.

– Досега се организирани 41 натпревар од Супер купот. Од 2013 година финалните напревари се одржуваат во различен европски град – Прага во 2013 година, Кардиф во 2014 година, Тбилиси во 2015 година, Трондхајм во 2016 и Скопје 2017 година.

– Вклучувајќи ја и 2017 година, Шпанија има рекорден број на тимови кои учествувале во Супер купот – 25 (Барселона 9, Реал Мадрид 6, Севилја 5, Валенсија 2, Атлетико Мадрид 2, Реал Сарагоса 1). Англиски тимови – 16 (Ливерпул 5, Манчестер Јунајтед 4, Челзи 3, Нотингем форест 2, Арсенал 1, Астон вила 1), три повеќе од Италија (Милан 7, Јувентус 2, Интер 1, Парма 1, Лацио 1, Сампдорија 1).

– Шпанските тимови држат рекорд со најголем број победи – 13 (Барселона 5, Реал Мардид 3, Валенсија 2, Атлетико 2, Севилја 1) четири повеќе од Италија и шест повеќе од Англија.

– Барселона со победата во 2015 година е на исто ниво со Милан – по пет победи. Ливерпул и Реал Мадрид (три) се на второто/третото место.

– Шест финални натпревари биле одлучени во продолженија.

– Во 2013 година напреварот бил за првпат завршен со пенали (Баерн го победи Челзи со 5-4 на пенали. Во регуларните 90 минути беше 2-2 во Прага).

– Најмногу голови постигнала Барселона во победата во 2015 година против Севилја (5-4). Атлетико во 2012 година го победи Челзи со 4-1, Ливерпул (2001,2005), Реал Мадрид (2002,2016), Севилја (2006) и Милан (2007) постигнале по три голови во Супер купот.

– Во финалето четири натпревари завршиле со резултат 1-0

– Досега не се случило во финалето на Супер купот да нема голови

– Најбрзо постигнат гол бил во 2015 година кога Евер Банега постигна гол за Севилја во третата минута против Барселона.

– Олег Блохињ (Динамо Киев) Радамел Фалкао (2012 Атлетико против Челзи) и Тери Мекдермот (1977, Ливерпул против Хамбург), Лионел Меси (Барселона), Герд Милер (Баерн Минхен), Роб Ренсебринк (Андерлехт), Франсоа Ван дер Елст (Андерлехт) се играчи кои постигнале три голови во Супер купот.

– Единствен автогол е постигнат на финалето во 1998 година (Феенорд против Реал Мадрид. Автоголот го постигна Патрик Пауве од Феенорд)

– Единствен црвен картон добил Пол Сколс против Зенит во 2008 година.

– Откажани се досега три натпревари од Супер купот – во 1974 поради политички проблеми Баерн од СР Германија не играше против Магдебург од ДР Германија…Во 1981 година Ливерпул и Динамо Тбилиси не се договорија за датумот на натпреварот…По трагедијата на стадионот Хејсел во 1985 година, Јувентус и Евертон не играа во Суперкупот во 1985 година.

Би можело да ве интересира

Начевски и Николов ќе бидат судии на ракометниот Супер куп на Македонија

А1он

Историски триумф за Шифрин

Наум Локоски

Истанбул и Порто следни домаќини на УЕФА Супер Купот

Ана Ололовска

Атлетико се изедначи со Ливерпул и Ајакс, Реал загуби евро-финале по 18 години

Ана Ололовска

Лопетеги: Ништо страшно, продолжуваме понатаму по зацртаниот пат

Ана Ололовска

Атлетико Мадрид по продолженија го освои Суперкупот на УЕФА

Ана Ололовска