Струја во Центар Жупа се очекува денеска, во реканскиот регион за уште најмалку два дена

Од:

Во општина Центар Жупа струја се очекува денеска, а во реканскиот регион, во кој припаѓа општина Маврово-Ростуше со 20-ина населени места, прекинот со напојување на електрична енергија ќе потрае уште најмалку два дена, информираше денеска Кризниот штаб кој координира неколку институции за справување со снежното невреме и неговите последици.

Сите магистрални и регионални патишта се проодни, само една делница од Кичево – Охрид нема да биде достапна за тешки товарни возила.

– Од 12 часот прооден ќе биде тој пат за автобуси со зимска опрема, а целосно ќе биде пуштен во функција и патот Битола – Охрид за тешки товарни возила со употреба на зимска опрема. Има околу 30 локални патишта, пред се кон населени места кои немаат или имаат многу мал број на жители, а кои не се проодни, очекуваме секој ден и нивниот број да се намалува, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Игор Гиевски од ЕВН соопшти дека во кризните региони се ангажирани над 200 елекромонтери со механизација која може да се употреби во овие непристапни региони бидејќи дефектите се во планинските делови.

– Она што, за жал, не може да го предвидиме и кажеме е тоа дека не знаеме кога жителите од реканскиот крај ќе добијат електрична енергија. Вчера две специјални екипи на „ЕВН Македонија“ беа да извршат процена бидејќи мрежата таму е целосно уништена. Иако прогнозите не се на наша страна, сепак, верувам дека во следните два-три дена тоа ќе се заврши бидејќи таму се поставува целосно нов далновод, изјави Гиевски, член на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“.

Критични точки во снабдувањето се уште има во струшкиот и во дебарскиот регион каде интензивно се работи на отстранување на дефектите. Гиевски информираше дека во Струшко, на потегот околу Луково и Јабланица, столбовите се тешко пристапни и екипите на ЕВН тешко се пробиваат до нив.

– Но и вечерва и утре ќе се оди со засилени снимања на теренот и ќе се работи на тоа да се нормализира снабдувањето. Одговорност имаме, затоа сме и постојано на терен. Едноставно не можеме да ги зголемиме температурите. Сите наши екипи и на приватни компании се на терен. Ние прво чекавме колегите од МЕПСО да ја утврдат состојбата. Се додека нашите трафостаници не добијат напојување ние не можевме ниту да ја согледаме состојбата, а тоа беше до вторникот,  рече Гиевски.

Поради најавите за снег овој викенд, Кризниот штаб ќе заседава двапати дневно.  Според најавата на УХМР, нов снег ќе има во недела, а ниските температури ќе се задржат до среда. Најмногу снежни врнежи повторно се очекуваат во северозападниот регион.

Би можело да ве интересира

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Битиќи: Субвенцијата во сметките за струја е 84 отсто

А1он

Во сметките за струја за јануари ќе го нема надоместокот од 200 денари за пристап на мрежа

Орце Костов