Ставрески: 1.000 нови работни места во Прилеп во следните 6 до 9 месеци

Од:

Во следните шест до девет месеци ќе се отворат 1.000 нови работни места за прилепчани. Ова при посета на Прилеп го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој истакна дека е очигледно оти амбиентот за бизнис во Прилеп се подобрува, бидејќи, како што рече, само последните неколку дена четири компании почнаа изградба на капацитети во индустриската зона Прилеп 1.

Ставрески посочи дека можност за вработување прилепчани ќе имаат и во Дрекселмаер.

– Имам добра вест за прилепчани, 500 до 600 работни места во Дрекслемаер ќе бидат пополнети со кадар на луѓе од Прилеп. Тоа го договоривме на вчерашната средба со раководството на Дрекселмаер, да се даде приоритет на луѓето од Прилеп, односно оние кои се невработени да најдат работно место во Дрекселмаер, рече вицепремиерот Ставрески.

Тој потенцира дека Владата и понатаму останува отворена за нови инвестиции, како за странски, така и за домашни. На инвеститорите кои ќе отвораат нови работни места ќе им се дадат најповолните услови за инвестирање и на овој начин ќе се решава проблемот со невработеност на младите.

Вицепремиерот ја поздрави инвестицијата на Филип Морис во Тутунскиот комбинат Прилеп и истакна дека со влезот на овој светски бренд во Комбинатот значително ќе се подобри неговата состојба.

Би можело да ве интересира

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места