Сталин дури 22 пати се обидел да го убие Тито, а тој имал интересен одговор

Од:

На сите веќе им е познато дека поранешниот челник на СССР Јосиф Сталин и некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито не се поднесувале, и тоа уште од крајот на Втората светска војна.

Според некои приказни, Сталин дури 22 пати се обидел да го убие Тито, и не успеал во таа намера.

Како што пишува Јутарњи.хр, напознат обид за убиство на Тито бил обидот за труење, кој требало да го изведат шпиони кои ги испратил директно Сталин. Сепак, биле разоткриени и во мртвачки ковчези вратени дома.

Имено, во времето кога одностите меѓу Тито и Сталин заладиле по завршувањето на Втората светска војна, Тито се разболел и морал на итна операција. Иако тогаш една цела соба во резиденцијата на Маршалот била претворена во операциона сала, одеднаш се појавиле лекари од СССР, со порака дека ги испратил лично Сталин, во желба да му помогне на Тито.

Титио ги примил од чиста куртоазија за Сталин да не се налути. Како што велат некои истораичари, операцијата навистина ја извршиле „лекарите“ од СССР, но потоа Тито не се чувствувал добро, а раната му загноила. Се претпоставувало дека инструментите со кои е извршена операцијата биле отруени.

Сепак, целата намера на „лекарите“ била разоткриена, а докторите на Тито ја повториле операцијата која била успешна. Што се однесува до лекарите на Сталин, тие биле вратени дома, но во ковчези.

По несупешниот атентат Тито на Сталин му ја испратил следната порака:

„Другар Сталин, прекини да испраќаш твои агенти во Југославија со налог да ме убијат. Фативме веќе седум твои луѓе кои имале намера тоа да го направат. Ако тоа не се запре, ќе бидам принуден да испратам човек во Москва и ако тоа го направам нема да биде потребно да испратам друг.“

Тој документ се наоѓа во архива.

Би можело да ве интересира

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска